Каков е профилот на работник кој денес може да одговори на обврските кои се бараат од него? Тој треба да биде едуциран, флексибилен, подготвен на примена на нови практики и нови методологии и нови технологии, вели Сашо Раденковиќ.
Раденковиќ семта дека секој едукативен и образовен филтер, дали во форма на државен испит или слично а низ кој поминува идниот работник е во насока на поголема компетитивност во пазарот на труд.
– Кога сме кај државниот испит, него ќе го спроведува Одборот за акредитација во кој ќе членуваат професори кои имаат објавено трудови во меѓународните списанија со импакт фактор во 70 проценти од базата на списанија од „Веб оф сајанс“. Кога сме кај практиките за објавување научни трудови, дел од земјите во регионот го имаат уредено на посебен начин. Словенија има избрано фирма за да ги дотерува податоците за сите истражувачи и во која се регистрирани 14 634 истражувачи. Истражувачите се должни
да доставуваат податоци за сите научни активности кои се бодираат различно, согласно Правилникот. Најмногу бодови се добива за трудовите објавени на „Веб оф сајанс“. Бодовите
се делат со број на автори на трудот – објаснува Раденковиќ.
Целото интервју со Раденковиќ може да го погледнете на овој линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Земја затрупа работници – едниот почина на лице место
-
Работник тешко се повредил додека го поправал лифтот
-
Познат идентитетот на загинатиот работник: Колега го прегазил со „грејдер“ додека одел во рикверц (видео)
-
Трагедија: Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци