
Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 8,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објaвените податоци, пораст бележи бројот на работници во индустријата за 7,9 отсто во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на тој период лани.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 3,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 10,4 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,7 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 6,2 отсто, Капитални производи за 115,3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто, и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 3,4 проценти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


