Според пишувањата на англискиот весник „Дејли мејл“, напаѓачот на Тотенхем, Роберто Солдадо, ќе го замени Торес во екипата на Милан.
Фернандо Торес го напушти Милан и се пресели во Атлетико Мадрид, па во таборот на италијанскиот тим се отвори место за напаѓач.
Според информациите што ги објави „Дејли мејл“, Милан во јануари сака да го ангажира Роберто Солдадо од Тотенхем. Познато е дека англискиот тим сакаше да го продаде Шпанецот пред почетокот на сезоната, но не успеа во својата намера.
Милан во моментов нема пари да го откупи договорот на Солдадо, па се очекува тој во Милано да допатува како позајмица до крајот на сезоната, а потоа да биде откупен неговиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим


