| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола ќе му биде шеф на Мурињо?!

Ова звучи како невозможна мисија, но по 2016 година тоа може да биде стварност.
Поранешниот претседател на Барселона Хуан Лапорта кој најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на каталонскиот гигант има желба на клупата да го види Жозе Мурињо, додека Пеп Гвардиола би го поставил како спортски директор ако ги добие изборите, а во тоа има се поголеми шанси.
Златната ера на Барселона е токму поврзувана со Лапорта и се повеќе приврзаници на клубот сакаат токму каталонскиот гигант да се врати на претседателското место. Тој веќе најави дека сака да го види Мурињо на местото шеф на стручниот штаб, а ќе се обиде да го доведе Гвардиола на местото спортски директор. Токму истото лето договорот на Гвардиола со баварскиот тим Баерн Минхен истекува.
Мурињо и Гвардиола веќе имаат соработувано во минатото додека Португалецот беше најпрвин преведувач на Робсон, па потоа и помошник тренер на Луис Ван Гал на клупата на Барса, додека Гвардиола беше играч и капитен.
Потоа патишатата им се разделија и беа лути ривали во шпанското „Ел Класико“ додека беа главни тренери на Реал и Барселона како и во Лигата на шампионите додека Мурињо беше тренер на Интер.

Мурињо сонува еден ден да се врати во Барселона, каде и започна неговата тренерска кариера, но тој за тоа сеуште молчи. По завршувањето на сезоната 2015/16 сосема сигурно е дека кај каталонците ќе гледаме бурно и долго лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top