Во најсилната кошаркарска лига НБА, синоќа беа одиграни шест натпревари. Кошаркарите на Чикаго ја забележаа седбата победа во низа, откако синоќа на гости ја победија екипата на Индијана со резултат 92-90. „Биковите“ до победа ги предводеше Џими Батлер со 27 поени и девет скока, а му помогнаа Пау Гасол со 20 и Дерик Роуз со 17 поени.
Вашингтон во дербито на вечерта на гости го совлада Хјустон со 104-103. Бредли Бил беше најефикасен во Вашингтон со 33 поени, а зад него беше Пол Пирс со 21 поен. Џон Вол учествуваше во победата со 12 асистенции и 13 поени. Ова е трета победа во низа во серијата од пет гостувања. Најдобар во Хјустон беше Џејмс Харден со 33 поени.
ЛА Клиперс на домашен терен беа подобри од Јута со 101-97. Екипата до триумфот ја предводеа Блејк Грифин со 24 поени и Крис Пол со 20 поени и осум асистенции. Деандре Џордан натпреварот го заврши со 19 скока и пет поени.
Резултати:
Шарлот – Милвоки 94-104
Индијана – Чикаго 90-92
Бруклин – Сакраменто 107-99
Мајами – Орландо 101-102
Хјустон – Вашингтон 103-104
ЛА Клиперс – Јута 101-97
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


