Остатоците забележани во морето кај островот Калимантан припаѓаат на исчезнатиот авион на „Ер Азија“, потврди за АФП главниот директор на индонезиската агенција за цивилно воздухопловство, Џоко Мурјатмоџо.
Индонезиските власти објавија дека спасувачки тимови забележиле остатоци во морето на подрачјето каде што последен пат е забележан контакт со исчезнатиот авион. Забележале неколку објекти како пловат во близина на островот Борнео, во една од зоните во кои се трагаше по авионот. Овие наоди се сметаат како најзначајни до сега, па биле испратени авион и бродови да ги проверат остатоците.
Медиумите јавуваат и дека посадата на авионот кој е во потрага по „Ер Азија“ забележале багаж, елеци за спасување и тела што пловат по површината на морето.
Засега информациите не се официјално потврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


