| четврток, 6 декември 2018 |

Нова помош од Владата за поплавените

Најмногу оштетувања има на зелката - 40 милиони денари, доматот 25 милиони денари, краставицата - 11 милиони денари, луцерката - 6 милиони денари, пченицата - 5 милиони денари, пиперот - 3 и компирот и марулата по еден милион денар, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев

Поплавите во источна Македонија направиле штета од 100 милиони денари, а Владата со 30 милиони денари ќе им помага на околу две илјади земјоделци кои имаат оштетување на земјоделските култури од поплавите.

Најмногу оштетувања се регистрирани во Струмичко, околу 1640, по што следуваат Радовишко 180, Богданци – Гевгелија 100, Штип 50, Велес 25 и Кочани 15. Во Битола целокупната штета е предизвикана на земјоделски комбинат, а во Ресен и Валандово биле поплавени земјишта со насади каде што не настанала штета.

Најмногу оштетувања има на зелката – 40 милиони денари, доматот 25 милиони денари, краставицата – 11 милиони денари, луцерката – 6 милиони денари, пченицата – 5 милиони денари, пиперот – 3 и компирот и марулата по еден милион денар, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

aleksandar gorgiev

– Стручни екипи на терен во рок од 7 дена ќе го прецизираат точниот износ за обештетување, како резултат на оштетите од поплавите. Кај сите индивидуални земјоделци штетите се различни, па, според процените, ќе биде распределена и владината помош –  рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека во оваа прва мерка од третиот пакет мерки за помош влегуваат и земјоделци кои не се регистрирани во земјоделскиот регистар. Втората мерка од овој пакет е распределување сточна храна од Агенцијата за стокови резеви само на регистрираните земјоделци, а распределени ќе бидат 750 килограми пченка и 12 тони јачмен.

Ѓорѓиев посочи дека во април ќе биде објавен оглас на кој ќе бидат понудени 850 хектари државно земјоделско земјиште што ќе биде наменето само за одгледување сточна храна, а приоритет за негово користење ќе имаат земјоделците што  одгледуваат добиток.

Четвртиот пакет-мерки опфаќа анализа на поплавената почва во однос на нејзината хемиска и бактериолошка исправност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top