Европската унија е сериозно загрижена од неуспехот на грчкиот парламент и по третпат да избере претседател, што значеше денешно автоматско закажување на вонредни парламентарни избори за 25-ти идниот месец во Грција. Еврокомесарот за економски и ифнансиски прашања, данок и царина, Пјер Московиси, ги повика Грците на претстојните избори за нов состав на парламентот да гласаат за оние што ќе ги поддржуваат реформите во земјата.
– По денешното трето гласање за нов претседател на Грција, грчката влада има најави општи избори за 25-ти јануари 2015 година. Преку овој демократски процес, грчкиот народ повторно ќе одлучи за својата иднина. Потребна е силна заложба за Европа и широка поддршка меѓу грчките гласачите и политичките лидери за потребниот економски раст, што процес кој е пријателски кон реформите во земјата и е потребен, односно од суштинско значење за Грција повторно да се изгради во рамки на Еврозоната – истакна еврокомесарот Московиси.
Еврокомисијата за првпат се одлучи да фаворизира кандидат на избори во некоја од своите земји-членки, поддржувајќи ја кандидатурата на екс-еврокомесарот Ставрос Димас за избор на претседател. За неформалната Влада на Европската унија, Димас, како кандидат на владејачката коалиција Неа Демократија-ПАСОК беше единствен избор со цел да се избегнат вонредните парламентарни избори и можноста опозициската СИРИЗА да дојде на власт. Причината е што СИРИЗА и нејзиниот лидер Алексис Ципрас се залагаат за укинување ан мерките за штедење во Грција и нов договор со т.н. Тројка (Европска комисија, Европска Централна банка и Меѓународен монетарен фонд) во однос на финансиската помош и потребните економски реформи во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.