| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху: Ќе се спротивставиме на условите кои не загрозуваат

netanjahuДоколку меѓународната заедница не им се спротивстави на палестинските инсистирања во ОН за признавање на државноста, тоа ќе го направи Израел, изјави денеска израелскиот премиер, Бенјамин Нетанијаху.

-Израел ќе се спротивстави на условите кои во опасност ја доведуваат нашата иднина, рече Нетанијаху.

Палестинците планираат денеска  во Советот за безбедност на ОН да ја поднесат конечната нацрт резолуција за државноста.

Во документот Израел се повикува за една година да постигне мировен договор и до 2017 година да заврши окупацијата на палестинските територии.

Палестинскиот претседател  Махмуд Абас телефонски го информирал американскиот  државен секретар Џон Кери дека ќе ја поведе иницијативата и покрај американското и израелското противење, јавија палестинските медиуми.

Неколку европски земји вршат притисок да се предложат пофлексибилни рокови, за резолуцијата да добие поширока поддршка, наведуваат британските медиуми.

-Ние очекуваме целата меѓународна заедница, или барем одговорните членови во неа, остро да се спротивстават на овој диктат на ОН, на таа резолуција во Советот за безбедност. Бидејќи тоа што ни е потребно секогаш се директните преговори и ненаметнатите услови, рече Нетанијаху во Ерусалим.

За предложената резолуција да биде усвоена потребни се девет гласа во Советот за безбедност, кои тогаш ќе ги присилат САД, најблискиот сојзуник на Израел, да одлучи дали да го искористи своето право на вето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top