| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот „заглавен“ над Лондон успешно слета

avionПатнички авион на компанијата „Вирџин атлантик“, кој поради проблеми со стојниот трап одредено време кружел над Лондон, успешно слетал на лондонскиот аеродром „Гетвик“.

Авионот кој летал за Лас Вегас, полетал од тој аеродром околу пладне по локално време, но поради технички проблеми одлучено е да се врати на аеродромот.

Според податоците на сајтот „флајтрадар“ и авиокомпаниите, „Боингот 747“ се упатил кон Лас Вегас во 11.28 по Гринич, а се вратил набрзо откако го прелетал западниот брег на Велика Британија.

– „Вирџин атлантик“ поврдува дека авионот од летот VS43 безбедно се приземјил повторно на Гетвик. Наш приоритет е сега да се погрижиме за патниците и екипажот, соопшти воздухопловната компанија.

Според „Гардијан“, во леталото би можело да има приближно 400 патници.

Авионот е опкружен со возила за итна помош, а во моментот на известување патниците се уште не го напуштиле авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top