| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЦБ очекува мислење од Атина за спасувачкиот план

ECBЕвропската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека очекува да добие мислење од грчките власти како да се пристапи кон преразгледување на спасувачкиот план на земјата, откако парламентот не успеа да избере нов претседател, предизвикувајќи предвремени избори.

– Сега грчките гласачи треба да го изберат новиот состав на парламентот и владата. Нема да се мешаме во тоа, ниту да го коментираме демократскиот процес, се наведува во соопштение на ЕЦБ.

Очекуваме мислење и предлози од грчките власти како најдобро да пристапиме кон преразгледување и ќе разговараме за тоа со Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд, нагласува банката.

Според ЕЦБ Грција оствари забележителен напредок за стабилизирање на државните финансии и реформирање на економијата во изминатите години, така што се очекува земјата да оствари раст од идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top