| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле бара од Грција да продолжи со реформите

Wolfgang SojbleГерманскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди Грција да не застранува од патот на економски реформи и додаде дека секоја нова влада треба да се придржува кон ангажманите, преземени од актуелниот кабинет на Андонис Самарас.

– Тешките реформи дадоа плод и тие немаат никаква алтернатива, истакна Шојбле, откако грчките пратеници предизвикаа предвремени избори со тоа што не успеаа да изберат нов претседател, посочи Шојбле.

Тој наведе дека ќе продолжи помошта за Грција на патот на реформите и оти Атина не треба да избере друг пат.

По неуспешното гласање во Парламентот за претседател, премиерот Самарас предложи предвремените парламентарни избори да се одржат на 25 јануари.

Опозициската партија Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) која бара ревизија на договорот на Грција со Европската унија и со Меѓународниот монетарен фонд, според анкетите има најголем рејтинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top