| четврток, 6 декември 2018 |

Десетмина жртви на самоубиствен напад

bomb-explosion-680x365Најмалку десет лица загинаа, а 20 се повредени во самоубиствен напад извршен денеска за време на погреб во градот Таџ, северно од ирачкиот главен град Багдад, соопштија локалните власти.

Бомбаш-самоубиец активираше експлозив пред шатор за погреб во рурална област во претежно сунитскиот град Таџ, кој се наоѓа на околу 20 километри северно од Багдад.

Засега никој не презема одговорност за нападот, но се претпоставува дека за нападот се одговорни припадници на групата Исламска држава, која често напаѓа сунити што имаат функции во ирачката влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top