| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон ќе се мажи во грчка православна црква

Како потенцијална црвка се споменува таа во Пенсилванија, во која актерката одела кога била дете

анистон

Холивудската актерка Џенифер Анистон и нејзиниот свршеник Џастин Терокс ќе се венчаат во грчка православна црква, и тоа на Велигден.

Како потенцијална црвка се спомнува таа во Пенсилванија, во која актерката одела кога била дете. Во таа црвка Анистон одела со својата баба, а една нејзина роднина и денес таму работи како секретарка.

Џенифер неодамна донираше 25 илјади долари во оваа црква во знак на сеќавање на својата баба, која ѝ ја доближила религијата.

Џенифер Анистон има грчко православно потекло, и нејзиниот свршеник сака да ѝ ја оствари желбата и да се венчаат во црквата која таа ја посетувала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top