Пред преполната сала на арената „Борис Трајсковски“ српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца во саботата одржа уште еден солистички концерт за македонските обожаватели.
Иако најскапата карта чинеше 2.000 денари, во публиката имаше и деца и мајки и баби.
„Цеца ми те волимо“ на транспаренти, „I <3 Ceca“ на маичка, „Македонија те сака“ на знаме, „Цеца те сакам“ испишано по раце – вака македонската публика ја поздрави пејачката со која два часа во еден глас ги пееја старите и нови песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






