
– Три лица се потешко повредени и се задржани на болничко лекување по сообраќајката што синоќа околу 22 часот и 30 минути се случила на автопатот Скопје – Тетово во непосредна близина на Добарскиот надвозник – информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Сообраќајката била предизвикана од патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици управувано од М.Т.(33) од Гостивар кое удрило во запрено патничко возило „опел“ со скопски таблици што го управувал М.К.(54) од Скопје. Скопјанецот имал потешкотии со движењето и на него му помагале да се извлече од снегот двајца жители на Охрид, А.Н.(24) и Г.Ш.(31) кои биле во патничкото возило „Форд“ со охридски таблици.
– Од ударот возачот на „опелот“ добил телесни повреди по што бил пренесен и задржан за опсервација во тетовската клиничка болница. Во несреќата со далеку потешки последици завршиле двајцата охриѓани кои по укажаната лекарска помош во Тетово итно биле префрлени на скопските клиники. Извршен е увид и се расветлуваат причините и сѐ друго поврзано со оваа несреќа. Првично причина е неприспособена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари – изјави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


