
Фото: Спортмедија
Македонскиот ракометен репрезентативец, голманот Борко Ристовски, денеска ги посети дечињата што лежат на Клиниката за детски болести во Скопје. Покрај посетата и дружењето со нив, Ристовски остави и лична донација од 1.500 евра за потребите на Клииниката.
– Чест ми е што сум гостин на Детската клиника и што имам можност со одредени материјални средства за да помогнам. Јас лично не бев за ова јавно да го направам, но во разговор со д-р Аспазија Софијанова се договоривме ова да биде јавно, со цел да испровоцираат и други спортисти и сите тие што имаат можност финансиски да донираат, за сите да помогнеме и оваа болница да биде попријатно место за дечињата, кои, за жал, имаат потреба да бидат тука – изјави Ристовски за „Спортмедија“.
Директорката Аспазија Софијанова изрази благодарност во име на целата клиника и кажа дека самата информација дека ќе дојде Борко израдувала многумина, а не, пак, неговиот хуман чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Душан се роди! Борко Ристовски доби син


