Леброн Џејмс ќе пристигне на гости кај Перо Антиќ на еден ден пред Нова година, а Атланта хоукс и Кливленд кавалирс ќе играат меѓусебе во „Филипс арената“ на 30 декември.
Дуелот е закажан за 19.30 часот по американско време или по наше во 1.30 по полноќ на 31 декември. Со оглед на времетраењето на натпреварите во НБА- лигата, кои се играат над два часа, Леброн Џејмс и останатите играчи на Кливленд, сепак, ќе имаат време да се вратат дома за прославата на Нова година.
И лани, Антиќ во првата сезона како дел од НБА-лигата играше непосредно пред Нова година на 31 декември, против Бостон. И тогаш Хоукс беа домаќини, мечот почна во 18.30 само неколку часа пред доаѓањето на 2014 година, а „јастребите“ со Антиќ во составот славеа со 92-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



