| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена нафтена дамка во зоната на потрага по авионот на „Ер Азија“

Нафтена дамка е откриена во регионот во кој се трага по исчезнатиот авион на малезиската компанија „Ер Азија“, јави ДПА.
Дамката е забележана во регионот на островот Белитунг, каде што се одвива операцијата за пронаоѓање на исчезнатиот авион со 162 патници и членови на екипажот.

Според портпаролот на воздушните сили на Индонезија, Хаџи Тахџано, се врши проверка на нафтената дамка за да се утврди дали станува збор за гориво од брод или гориво од исчезнатиот авион.

Претходно денеска австралиски авион, што учествува во потрагата по авионот на „Ер Азија“, забележи предмети во зоната на потрага, но сѐ уште не може да се потврди дека тоа се делови од исчезнатиот авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top