| четврток, 6 декември 2018 |

Канскиот фестивал ќе почне со „Големиот Гетсби“

Филмскиот фестивал во Кан оваа година ќе биде отворен со филм според еден од најдобрите американски романи на 20 век – „Големиот Гетсби“, додека холивудската легенда Стивен Спилберг ќе биде претседател на жирито, соопштија организаторите на фестивалот, кој ќе трае од 15 до 26 мај.

Главната улога во „Големиот Гетсби“ ја игра Леонардо ди Каприо, а режисерот Баз Луман истакна дека филмот има врежана француска жичка.

– Сакам да ве потсетам дека Скот Фитсџералд ги напиша некои од највпечатливите и најубави делови на романот  во вила на француската ривиера во близина на Кан – изјави Луман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top