Во Србија е во тек голема акција за разбивање на синџирот на проституција во која се вплеткани многу познати имиња, претежно од естрадата, но и ТВ- презентерки, актерки…
Интересно е што на пронајдените списоци со клиенти има и неколку српски репрезентативци во фудбал кои ги користеле услугите на „ноќните дами“ за тарифа од 500 до 2.000 евра.
Засега се упасени две лица, извесен Михајло. М. кај кого се пронајдени документи како потврда дека постоела цела мрежа на проституција. Со него зад решетки се најде и Милица Живановиќ, позната како Мими Оро, а се очекуваат и нови приведувања и сослушување на сведоци кои ги користеле услугите на елитните проститутки во Србија.
Засега не се открива кои репрезентативци на Србија биле на „менито“ на проститутките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



