
Двајца градежни работници се полесно повредени денеска при одрон на земја на тунел во изградба во близина на бугарскиот град Дупница.
Како што јави БТА, едниот од работниците се жалил на болки на грбот и имал гребаници по телото, а вториот се здобил со повреда на глуждот.
Според бугарската полиција, повредените работници се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.
На местото на инцидентот пристигнале претставници на дирекцијата на трудовата инспекција од Ќустенфил, кои извршиле увид, по што ќе направат и дополнителни проверки дали компанијата изведувач на градежните работи ги почитувала стандардите за безбедност при работа.
Според трудовите инспектори, најверојатна причина за одронот на земјиштето се обилните врнежи во последниве неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


