| четврток, 6 декември 2018 |

Далас подобар од Оклахома, Кливленд загуби од Детроит

Во најсилната кошаркарска лига, НБА, синоќа беа одиграни два дербиja, а победи забележаа Сан Антонио над Хјустон со 110-106, како и Далас над Оклахома со резултат 112-107.

По два поразa едноподруго, Спарс се врати на победите. „Ракетите“ одлично го отворија натпреварот и поведоа во првата четвртина, но кошаркарите на Грег Поповиќ успеаја да се вратат во мечот. Грин ги предводеше Сан Антонио до победата со 24 поени, додека Данкан и Џинобили постигнаа 16, односно 15 поени. Во тимот на Хјустон најдобар беше Харден со 28 поени.

Далас потврди дека ќе биде кандидат за титула оваа сезона. Маверикс славеа над Оклахома со 112-107, а најзаслужен за тоа беше Дирк Новицки, кој постигна 30 поени. Зад него беа Парсонс со 24 поени и Елиас со 18. За Оклахома најефикасен беше Ибака со 26 поени.

Тимот на Кливленд кавалирс предводен од Леброн Џејмс претрпи уште еден неочекуван пораз сезонава, овој пат со убедливи 80-103 на домашен терен од Детроит пистонс. Леброн Џејмс и соиграчите дејствуваа сигурно на патот до нов триумф откако имаа предност од 32-17 во втората четвртина, но гостите одговорија со серија од 18-0, го свртеа резултатот во своја корист и ја забележаа својата најголема победа оваа сезона.

Резултати НБА:

ЛА лејкерс – Феникс 107-116, Портланд – Њујорк 101-79, Денвер – Торонто 102-116, Далас – Оклахома 112-107, Сан Антонио – Хјустон 110-106, Кливленд – Детроит 80-103.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top