| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари не е син на Чарлс?

hari

Во театарската претстава „Вистини, лаги, Дајана“ на авторот Џон Конвеј, се тврди дека британскиот принц Хари, четвртиот во редот претенденти на британскиот престол, не е син на престолонаследникот Чарлс, туку е вонбрачно дете на поранешната принцеза Дајана.

Контроверзната претстава, чија премиера во лондонскиот Вест Енд, е закажана за 9 јануари, сугерира дека Хари е дете на еден од љубовниците на починатата „народна принцеза“, некогашниот офицер на Кралската коњаница, Џејмс Хјуит.

Преставата веќе е прикажана во Њујорк, а во британскиот главен град треба да се прикажува еден месец, до средината на февруари.

Во неа авторот Конвеј тврди дека Дајана имала љубовна афера со Хјуит, 18 месеци пред да се роди Хари, потенцирајќи дека младиот принц има изразито руса коса, повеќе слична на Хјуит кога бил млад, отколку на татко му Чарлс, како и дека принцот повеќе личи на љубовникот на мајка му.

Конвеј вели дека поминал две години повремено разговарајќи со Хјуит, додека го правел текстот и дека од него добил многу „отворени објаснувања“ и признанија.

Во една реплика на сцената, Хјуит ќе рече: „Дајана и јас имавме љубовна врска една година пред раѓањето на Хари. Тоа не докажува дека јас сум му татко, туку дека тоа е една непобитна вистина“.

Ова не е прв пат да се покрене прашањето за „татковството“ на принцот, особено откако во средината на 90-те години на 20-от век, неколку години пред загинувањето на Дајана, беше јавно обелоденето дека Хјуит бил еден од нејзните поранешни љубовници.

Појавувањето на новата претстава и откривањето на некои од дијалозите на сцената, веднаш предизвикаа бурни реакции во лондонските медиуми и меѓу репортерите и коментаторите кои ги следат случувањата во британското кралско семејство.

Новинари од некогаш најтиражниот неделник-таблоид „Њуз оф д Ворлд“ тврдат дека приказната на Конвеј е лажна и дека уште во 2003 година во направениот ДНК тест, со земен прамен од косата на Хари, е утврдено дека Хјуит не е таткото.

Други коментаторите се присетуваат дека откривањето на врската Дијана-Хјуит, а посебно за татквството на Хари, ја разгневило принцезата, како и дека некогашниот коњички офицер уште пред 11 години, самиот ги демантирал приказните за тоа дека тој, а на Чарлс е татко на Хари.

Во едно интервју во 2003 година, Хјуит вели дека Дајана и тој имале љубовна афера во 1986 година, кога Хари веќе имал две години.

– Луѓето велат дека Хари и јас личиме, но јас не сум неговиот татко – рече тогаш Џејмс Хјуит.

Според лондонските медиуми, дилемата е дали тој ја зборувал вистината тогаш или пак сега, во разговорите со Конвеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top