Откако се распадна СССР, Русија сиве овие години надвор од ѕидините на Кремљ не успеа да изнедри сериозен политичар кој би се наметнал како конкуренција или можеби алтернатива на претставникот на владејачката елита. Ниту Елцин, ниту на Путин никој не му се доближи сериозно, освен некои попатни бунтовници. Исегашниот неприкосновен владетел на Русија, Владимир Путин, нема од кого да се плаши бидејќи „златната опозиција на Кремљ“ никогаш не го загрозувала. Ниту Борис Њемцов, но Михаил Касјанов, ни Анатолиј Чувајс, ниту некои други кои честопати се самопрогласуваа за наследници на Путин. Но, изгледа дека на хоризонтот на рускиот политички пејзаж се појави фигура за која дури и во Русија велат дека би можела „нешто да направи“ на и претседателските избори во 2018 година да ги направи неизвесни. Тој можен наследник на Путин го нарекуваат-Наваљни.
Тој на Путин му фрли ракавица иако, како што неодамна рече, промената на режимот во Русија нема да се случи на избори со што дополнително ја вознемири неспокојната Русија. Наваљни е млад, репрезентативен и амбициозен политичар кој после полни 15 години владеење на Путин успеа да се наметне како некој за кого се зборува и да може барем да се обиде да ја загрози власта на Путин.
– Конечно тој е светлина на крајот од тунелот, вели за Наваљни, Станислав Белковски, еден од водечките руски политиколози и автор на книгата за Путин.
Наваљни е човек кој одговара на руското политичко битие кое се дефинираше во транзициски времиња на постсоветска Русија. Тој е идеална харизматична и силна личност која им одговара на најшироките слоеви на руското општество.
Има 39 години, „ариевски изглед“, што значи дека „има чиста крв и сигурно е Русин“ (не мора да му се бројат „туѓите крвни зрнца“). Образуван е , правник, се дошколувал на Јеил и доаѓа од угледно семејство-татко му Анатолиј бил офицер на советската армија и е профатлив и од таа патриотска големоруска страна.
Многу е амбициозен („Тој сака да биде претседател“, вели Балковски) и симпатичен, но и доволно циничен па претставува совршен маж кој им одговара на руските гласачи: татко на две деца и не е без пороци ( сака да се напие, да опсуе, да се степа). Тој е како и називот на неговиот омилен филм „Добриот, лошиот и грдиот“.
Во политичка смисла е западно ориентиран, но сеуште доволно голем Русин за да може да му се наметне епитетот „слуга на западот“. Имено, токму тоа се очекува од Наваљни-да ја „претвори“ Русија демократска национална држава од западноевропски тип, да го прекине нејзиниот провинцијално конзервативен изолационизам и да ја позиционира во Европа.
Додуша од Наваљни тоа не се очекува, но за да успее, Западот прво мора да ја прифати Русија како рамноправна и еднакво значајна (голем) држава. Иако понекогаш владее поинаква перцепција, Станислав Белковски смета дека прокремаљаската политичка, а во прв ред економска елита би го прифатила Алексеј Нављни, бидејќи тие сакаат за себе и за своите наследници кои главно се школуваат во најпрестижните англиски, американски, француски и германски училишта, колеџи и факултети) да се позиционираат на Запад.
Путин беше тој што требаше да го овозможи тоа, а сега кога е соочен со санкции и отпадништво од „современиот свет“ растат и можностите на Наваљни.
Наваљни не е политичар кој својот имиџ го гради на папагалско суфлирање на западните приговори на Владимир Путин. Тој на независната московска радиостаница „Ехо“ изјави дека Крим е руски и дека така и ќе остане! Меѓутоа, исто така ја повика и Белата куќа да ги зајакне санкциите против некои чиновници и политичарни од Кремљ блиски до Путин. Некои руски политиколози не сметаат дека тој со таа изјава му се додворува на руското избирачко тело, туку дека тоа се негови ставови. Сепак, бидејќи е тој прагматичен политичар, во врска со Крим ќе постапи онака како што од него ќе бара мигот.
Наваљни мошне добро ја гради својата политичка кариера. Според социолошките истражувања во 2011 за него знаеле само шест проценти од населението, а сега, три години подоцна, тој е општопрозната политичка личност на руската сцена.
Според неодамнешните истражувања за него на претседателските избори би гласале повеќе од 15 проценти Руси, а извештаите на неговата Антикорупциска комисија, која се позиционираше како барометар на корупцијата во Русија бидејќи донесува и разокрива корупциски афери на политичката елита, велат дека му веруваат речиси 70 проценти од Русите.
Неговото гласачко тело е јасно профилирано: урбано, младо, образовано население од големите глрадови и средниот слој кој најмногу се најде на ударот на анти-путиновите американско-европски санкции.
Наваљни во моментов е во куќан притвор, со алка на ногата. Осуден е на затворска казна поради малверзации во дрвопреработувачката индустрија „Кировлес“, каде работел како правник, а непосредно во ноќта спроти изборите во Москва е пуштен. Тоа, велат подобро упатените, е направено на лично барање на Владимир Путин кој ги услишал молбите на кандидатот Сергеј Собјанин кој сакаше да ја потврди својата изборна победа на градоначалник на изборите во конкуренција на достоен противник. Наваљни доби повеќе од 27 проценти од гласовите. Сега на Андреј и на неговиот брат Олег им се заканува повеќегодишна казна поради малверзации во врска со делувањето на московското претставништко на познатата француска компанија”Yves Rocher”. Токму од овој исход зависи политичката судбина на Наваљни:Ќе посегне ли Путин по драстично решение за да се ослободи од најсериозниот притивник надвор од бастионот на руската политичка моќ, како што го направи тоа со Михаил Ходорковски. Наваљни помалку апокалиптично заклучи дека главната препрека за промените не е Путин, туку фактот дека „многу обични Руси не веруваат дека Русија има иднина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


