| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатна берзанска акција на Путин: Заработи 20 милијарди долари и ги врати парите на руските фирми

Русија направи неочакуван „потег со коњот“. околу прст ги сврте сите и за неколку дена заработи 20 милијарди долари, плус врати 30 проценти од акциите на своите монополски фирми. Путин ги изигра ЕУ и САД. Пред очите на целиот свет се одигра се според планот. За таков план треба да му се аплаудира исправено, пишуваат руските медиуми.

Во минатото дел од руските акции на енергетските компании им припаѓаа на странски инвеститори (американски и европски)-што значеше дека речиси половина од приходите од нафтените и гасните компании не одеа во Рускиот сеф, туку на сметките на странските „финансиски ајкули“ во Европа.

Поради состојбата на Крим рубљата почна нагло да паѓа, но централната банка не направи ништо за да го задржи курсот на рубљата. се појавија гласини дека нема залихи од валута за да се поддржи курсот на рубљата.

Тие гласини и изјавата на Путин дека ќе ги штити интересите на граѓаните кои го говорат рускиот јазик во Украина доведе до голем пад на вредноста на акциите на руските енергетски компании и „финансиските ајкули“ набрзина почнаа да ги продаваат акциите на берзата се додека тие не ја изгубија вредноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top