Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски во вестите на „Канал 5“ истакна дека државниот испит се воведува за да се подигне квалитетот на високото образование. Но, ова не е единствената наовина што се воведува во пакетот реформи во високото образование.
-За да се запише на Педагошки факултет ученикот треба да има просек најмалку 4. А најдобрите студенти од Педагошкиот факултет ќе продолжат на Академијата за наставници јуште една година каде ќе специјализираат, ќе добиваат стипендија во износ од една просечна плата, а потоа задолжително ќе добијат работа, вели Ристовски.
Тој уверува дека ваква практика има и во други држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.