Уставниот суд на денешната седница заклучил да се организира подготвителна седница на која ќе се разјаснат одделни правни и фактички прашања поврзани со одредбите од законот за лустрација и со тоа би можело потоа на редовна седница да одлучи дали законот е во согласност со Уставот, а во меѓувреме законот може да се спроведува така како што е донесен минатата година во јуни.
Ова е одлука на мнозинството членови на Уставниот суд и се однесува на три иницијативи поднесени до судот и тоа од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од граѓани поединци со кои се оспорува законот во целина, како и одделни 14 члена од истиот закон.
Иницијативите се однесуваат на временскиот опфат на Законот, опфатот на лицата кои би се лустрирале како процедуралните гаранции за лицата опфатени со лустрацијата.
Засега не се најавува можниот термин на одржување на подготвителната, како и на наредната редовна седница по ова прашање, но вообичаениот рок за нивно закажување е до 2 месеци. Во меѓувреме, законот може да се спроведува така како што е донесен минатата година во јуни. Од неговото донесување во 2008 година, законот за лустрација трипати се најде пред Уставниот суд. Во јавноста, пак, предизвикува постојани контроверзи кои се однесуваат на начинот на кој тој се спроведува како и со неговата политизација, објави „Радио Слободна Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.