| четврток, 6 декември 2018 |

Виго го одложи мечот меѓу домашната Селта и Реал Мадрид

real madrid

Натпреварот од Примера дивизион меѓу Селта и Реал Мадрид што требаше да се игра в недела е одложен поради безбедносни причини. Оваа информација попладнево прва ја објави „Радио Виго“, повикувајќи се на Градоначалникот на Виго, Абел Кабалјеро, кој по извршената инспекција на градските власти обелоденил дека стадионот „Балаидос“ не е доволно сигурен за да може натпреварот непречено да биде одигран.

Имено, за викендов на територијата на Шпанија се најавуваат обилни врнежи на дожд, а во случајот на „Балаидос“ постојат оправдани сомнежи околу сигурноста на овој стадион, поради што е донесена одлука воопшто да не се ризикува, а дуелот да биде закажан за нов датум, што дополнително ќе биде одреден.

Ова значи дека без оглед како ќе завршат натпреварите викендов, Реал Мадрид ќе остане на првото место, воедно ќе има и два натпревари помалку од Севилја и од Барселона, со оглед на фактот дека од претходно беше одложено и гостувањето на „кралевите“ против Валенсија, поради учеството на европскиот шампион на клупскиот мундијал во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top