Перо Антиќ се врати на паркетот по еден меч пауза и и донесе среќа на Атланта хоукс за реванш против Милвоки бакс. Јастребите победија со 90-85, само една ноќ по катастрофалниот пораз од истиот противник со 30 поени разлика, 77-107.
Тогаш Антиќ не настапи, а Милвоки ја птрекина серијата победи на Атланта. Ноќеска имаше поинакво сценарио, одбраната на Хпоукс го сопре Џеред Дадли, кој влезе во историјата на претходниот меч, како прв играч во НБА што имал шут од поле 10 од 10, а притоа постигнал и најмалку три тројки.
Антиќ ноќеска одигра 16 минути и забележа 3 поени со 5 скока. Џеф Тиг со 25 поени беше незадржлив и главен творец на победата на Атланта. Хорфорд уфрли 20 поени, а Пол Милсеп даде 17 поени. Кај поразениот тим најефикасен беше Крис Мидлтон со 21 поен.
Останати резултати: Л.А клиперс – Торонто 98-110, Шарлот – Орландо 94-102, Вашингтон – Бостон 101-88, Мајами – Мемфис 95-103, Чикаго – Њу Орлеанс 107-100, Бруклин – Индијана 85-110, Јута – Филаделфија 88-71, Сакраменто – Њујорк 135-129 (по про0долженија), Голден Стејт – Минесота 110-97.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.