| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески универзитет го забрани Божик како „кич“ странска прослава

 

nova

Универзитет од северозапада Кина побара забрана на Божик, нарачувајќи го „кич“ странска прослава што не е од никаква корист за традициите на нивната држава.

Колеџот за мода во Северозападниот универзитет околу кампусот стави банери на кои пишува: „Стремете се да бидете угледни синови и ќерки на Кина, спротивставте му се на кичот на западните празници“ и „Спротивставете се на експанзијата на западната култура“.

Студентите за локалниот весник изјавиле дека можат да бидат  казнети доколку не присуствуваат на повеќечасовните проекции на пропагандните филмови.

Официјален микроблог, што му припаѓа на еден од универзитетските комитети на Комунистичката партија, ги повика студентите да не се поистоветуваат со странците и повеќе внимание да им посветат на кинеските празници, како што е Пролетниот фестивал.

Божик традиционално не се прославува во официјално атеистичката Кина, но станува се попопуларен, особено во големите градови каде младите луѓе овој ден го обележуваат со размена на подароци и украсување на домовите по урнекот на Запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top