На грчки ферибот, со 411 патници и 55 членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал крај островот Крф во Јадранско Море, пренесе ДПА.
Приватната телевизија Мега сооопшти дека огнот тргнал од гаражите под палубата на бродот и брзо се проширил.
Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, патувал од источното пристаниште Патрас за италијанскиот град Анкона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.