Битола денеска се прости од ракометниот вируоз Боро Чурлевски, кој почина вчера по долго боледување. На комеморацијата присуствуваа познати спортисти, спортски работници за да се простат со членот на залатната генарација на Пелистер.
„Македонскиот ракомет, но и спорт загубија едно од своите најголеми имиња, но делото на Боро Чурлевски не се заборава. Огромна е болката од загубата на една извонредна личност, човек, пријател и голем спортист“, рече Стевче Стефановски, поранешниот голман на Пелистер и соиграч на Чурлевски.
На комеморацијата беа присутни и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, фудбалскиот тренер Ѓоко Хаџиевски, поранешниот македонски ракометен селектор Звонко Шундоски, голем дел од соиграчите на Чурлевски и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



