Автобус со патници се урнал во амбис во областа на градот Виторија во југоисточен Бразил, при што загинале најмалку осум луѓе, неколку часа претходно, пет лица ги загубија животите кога хеликоптер експлодирал по пад на земјата во близина на градот Бертиога во сојузната држава Сан Паоло, пренесе телевизијата Глобо.
Автобуската несреќа се случила во саботата наутро по локално време кога автобусот во кој имало најмалку 31 патник на релацијата Порто Сегура – Рио де Жанеиро паднал во амбис длабок 40 метри. Покрај осумте жртви, хоспитализирани се 21 патник, од кои 13 се во тешка состојба, се додава во извештајот.
Според возачот на автобусот, на еден свиок тој се обидел да избегне камион кој доаѓал од спротивниот правец, но не успеал да го контролира возилото по што паднал во провалијата.
Во хеликоптерската несреќа во државата Сао Паоло, пак, загинало семејство, сопружници и нивната ќерка, дадилка и пилотот. Претставник на противпожарната служба изјавил дека од засега непознати причини приватниот хеликоптер се урнал на земјата при што експлодирал а жртвите изгореле во пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


