В недела, спортскиот Центар „Борис Трајковски” ќе биде домаќин на две претстави во кои учество ќе земат членовите од клубот за ритмичка гимнастика и уметничко лизгање при СЦ „Борис Трајковски. Младите членови од 5 до 12 години на клубот за ритмичка гимнастика, в недела од 10 часот ќе ја оддржат својата завршна приредба, додека новогодишната приредба на клубот за уметничко лизгање ќе биде одржана од 18 часот.
– СЦ Борис Трајковски е активно вклучен во промоција на нови спортови, како уметничкото лизгање и ритмичката гимнастика. На наше огромно задоволство, во овие два клуба бројот на деца кои се запишани во овие клубови постојано расте, што доволно говори за атрактивноста на овие спортови, кои на светско ниво се навистина развиени – изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски”.
Приредбата на клубот за ритмичка гимнастика е подготвена од девојчиња на возраст од 5 до 12 години, кои ги води Сузана Јовановска Рајковлевска. На истата ќе бидат презентирани точки со четири реквизити: топка, јаже, лента, како и точка без реквизити. На крајот, на сите членови на клубот ќе им бидат доделени новогодишни пакетчиња. Новогодишната приредба на клубот по уметничко лизгање, ќе вклучи 43 деца од клубот кои подготвија 20 точки. Од нив четири се групни, сите инспирирани од новогодишни песни, додека останатите ќе бидат индивидуални точки со кои дел од членовите ќе се претстават на различни натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Перински: Да не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, СЦ „Борис Трајковски“ никогаш немаше да се изгради
-
Манасков: Ние сме благи фаворити, со помош на публиката ќе славиме утре
-
Од денеска: Изнајмување велосипед од СЦ Борис Трајковски, 50 денари за секој час
-
СЦБТ: СДСМ и СОРОС по секоја цена се обидуваат да го нарушат нашето успешно работење