| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев со голови ги пишмани критичарите, Галатасарај не го продава

Само два добри натпревари и 4 убави погодоци на Горан Пандев беа доволни повторно да ги замолчи критичарите, овојпат блиски до Галатасарај, особено легендите на турскиот клуб.

Претседателот на Галатасарај Абдурахим Албајрак излезе во јавноста со демант на сите шпекулации дека Пандев ќе си замине од клубот во зимскиот преоден рок. Таков епилог најавуваа дел од медиумите во Турција и дел од легендите на Галатасарај, а најгласен беше Хасан Шаш. Сепак со хет-трикот против Балчова постигнат за само 18 минути и потоа со уште еден погодок пак во купот на Турција со Дијарбакир, Горан си обезбеди продолжен престој во Галатасарај.

Дисциплината и професионализмот на Горан се на највисоко ниво, едноставно нему му недостигаше физичка подготвеност. Сега кога влезе во форма, на сите им покажа дека е многу квалитетен фудбалер. Пандев на сите им покажува дека не сме згрешиле со изборот. Среќни сме поради неговите добри игри и воопшто немаме намера да го продадеме, без оглед на она што се пишува по медиумите“, изјави Албајрак.

pandevicius

Пандев даде слична изјава, велејчи дека е среќен во сегашниот клуб и дека ќе ја продолжи авантурата во Галата. Тој веќе се навикна на вакви маки, а слични епизоди имаше и во Интер и во Наполи, па на критиките и најавите за отказ, одговори со прекрасни игри и голови. Со Интер ја освои и европската и светска круна, а на заминување сите тренери имаа позитивно мислење за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top