| четврток, 6 декември 2018 |

Акција во Битола и во Прилеп – комарот на удар на полицијата

По претходно добиени сознанија за недозволено организирање и играње комар, СВР Битола спроведе контрола во шест објекти на територијата на Битола и на Прилеп, при што во пет од нив се констатирани неправилности.

За време на контролата, во три објекти се затекнати 11 лица како играат комар. Од страна на полициските службеници се одземени разновидни предмети, и тоа: кутии за жетони со клучеви за истите,  направа за делење карти, жетони,  зарови, неколку шпила карти како и  парични средства во износ од 45.840 денари и 20 евра. 

За време на контролата се констатирани пет кривични дела  за комар (три во Битола и два во Прилеп), 11 прекршоци за играње комар или друга забранета игра на среќа (четири во Битола и седум во Прилеп) и 11 прекршоци по Закон за заштита од пушење.

За констатираните неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top