Околу 40 сириски цивили, меѓу кои седум деца, се убиени за време на воздушни напади на сириските воздушни сили врз позиции на џихадисти од групата Исламска држава, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
Меѓу жртвите има и две жени. Десетици се повредени, од кои повеќето се во тешка состојба. Нападите се извршени во градовите Ал Баб и Кбасин во провинцијата Алепо.
Вчера во судири со курдските сили се убиени околу 60 џихадисти во северниот дел на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
Најмалку двајца загинати и 24 повредени во нападот во Лас Вегас