Кина ја отвори денеска првата супербрза железничка линија, која го поврзува со останатиот дел автономниот кинески Синџијанг-Ујгурски регион, познат како кинески Далечен Запад.
Линијата е со должина од 1.800 километри и го поврзува за помалку од 12 часа Ланжу, престолнина на провинцијата Гансу, која е соседна на Синџијанг-Ујгурскиот регион, со Урумчи, престолнина на реонот. На тој начин времето за придвижување меѓу двата града ќе биде намалено на половина.
Првиот воз по линијата со 622 патници тргна во 10.49 часот по локално време од железничката станица во Ланжу.
Високо брзата линија беше изградена за пет години и го пресекува планинскиот масив Цилианшан.
Кина има железнички линии со должина од 11.000 километри. Мрежата е најдолга во светот. До 2020 година вкупната должина на линиите треба да достигне 16.000 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.