| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел, личност на 2014

тајмс меркелГерманската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за личност на годината од влијателниот британски дневен весник „Тајм“. Британскиот весник ја истакнува улогата на Меркел за воспоставување дијалог меѓу Западот и Русија.

– Меркел е истакнат европски политичар и една од највлијателните жени во светот, наведува „Тајм“.  Меркел се покажа како незаменлив посредник меѓу Истокот и Западот во изминатата година, кога односите меѓу двете страни беа затегнати до крајни граници за време на најопасната геополитичка криза од времето на Студената војна.

Ангела Меркел на 22 ноември 2005 година стана најмладиот канцелар на Германија и прва жена на оваа функција. Меркел ужива висок рејтинг, а Германците го сакаат нејзиниот мирен стил на управување и способноста да постигне компромис со политичките противници.

Пред Меркел, минатата година весникот го избра Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top