
Ангела Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за личност на годината од влијателниот британски дневен весник „Тајмс“, пренесува ТАСС.
Британскиот весник ја истакнува улогата на Меркел за воспоставување дијалог меѓу Западот и Русија. – Меркел е истакната европска политичарка и една од највлијателните жени во светот, пишува весникот.
Според „Тајмс“ Меркел се покажа како незаменлив посредник меѓу Истокот и Западот во изминатата година, кога односите меѓу двете страни беа затегнати до крајни граници за време на најопасната геополитичка криза од времето на Студената војна.
Ангела Меркел на 22 ноември 2005 година стана најмладата канцеларка на Германија и прва жена на оваа функција. Меркел ужива висок рејтинг, а Германците го сакаат нејзиниот мирен стил на управување и способноста да постигне компромис со политичките противници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


