Божикниот дуел меѓу Њујорк никс и на Вашингтон визардс, кој требаше да биде вовед во уште два суперинтересни празнични натпревари ќе остане запомнет по тепачката на двајца кошаркари.
Играчот на Њујорк, Квинси Ејси, загуби контрола врз себе на пет минути пред крај неспортски го фаулираше Џон Вол, кој, пак, откако се крена од паркетот, револтирано го оттурна. Потоа настана хаос, а Квинси возврати уште пожестоко, па со тупаници му се нафрли на играчот на Вашингтон.
Судиите и другите играчи од двата тима успеаја да ги смират страстите, а епилогот беше исклучување за Ејси и техничка за Вол, кој беше и најдобар во победничкиот тим на „волшебниците“ со 24 поени и 11 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


