
Најмалку пет лица се повредени при подметнат пожар во џамија во шветскиот град Ескилстун, соопштила локалната полиција.
Инцидентот се случил додека во Шведска во тек е интензивна дебата за емиграција, пренесува „Ројтерс“.
Екстремната десница смета дека бројот на азиланти треба да се намали за 90 отсто, додека водечките партии сакаат да ја зачуваат либералната емиграциона политика во Шведска.
„Очевидец на инцидентот тврди дека некој фрлил предмет кон прозорот на џамијата по што веднаш се распламтил силен пожар“, истакнал портпаролот на полицијата.
За сега нема уапсени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


