| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен струмичанец што превезувал лажни азиланти во Германија и во Австрија

МВР уапси струмичанец што организирал тури во земјите-членки на Европската унија за македонски граѓани што се обидувале да добијат азил.

Триесет и деветгодишниот М.М. во текот на минатата година повеќе пати превезол 21 македонски државјанин во Германија и во Австрија. На жители од Струмица, Велес и Штип тој им ветувал дека ќе добијат статус на азиланти. За услугите што им ги вршел им наплатувал од 200 до 250 евра.  Струмичанецот заработил кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим со државите-членки на Европската унија и на шенгенскиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top