| четврток, 6 декември 2018 |

Даночните одделенија на УЈП со ново работно време

ујп

Од 1 јануари в година даночните одделенија на УЈП во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и во Гевгелија ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

– Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и од правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и за фирмите – велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму потсетуваат дека продолженото работно време за регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола, Штип, Тетово и во Кавадарци почна да се применува од 1 октомври годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top