Спортски бонтон како сликовница за деца денеска беше промовирана во Народната канцеларијата на претседателот на Република Македонија, сликовницата која е дел од проектот „Традиционални спортски игри“ е под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов и поддржана од Амбасадата на САД во Македонија.
Татјана С. Иванова како промотер и автор на сликовницата посочи дека целта на сликовницата е да се врати спортот на пиедестал, на посакуваното, односно онаму каде што припаѓа.
– Бидејќи живееме во едно современие, во едно време невреме кога се отуѓивме, кога индивидуализмот го замени колективизмот, кога егоизмот го замени алтруизмот и космополитизмот, вредности коишто и те како испливаа на површина во ова наше совремие. Од друга страна, се маргинализираа некој вредности што го облагодоруваат и го оплеменуваат човековиот живот -истакна Иванова.
Една од поентите, додаде таа, е во ова време на морална криза да се вратат вистинските вредности. Вистинските вредности, нагласи Иванова, се враќаат кај оние што се иднина и сегашност, а тоа се децата.
Иван Анастасовски, кој е еден од авторите појасни дека сликовницата асоцира на модерните „таблети“ преку која децата ќе ја читаат на традиционален начин, а ќе ги асоцира на денешното модерно време.
– Една од нашите цели во проектот е токму тоа. Се обидуваме децата да ги тргнеме од компјутерите од брзиот технолошки-информатички развој и сепак да ги однесеме на „улица“ на едно традиционално дружење, игра, другарување помеѓу себе и една социлјална инклузија која е потребна на нашето општество – рече Анастасовски.
Традиционалните спортски игри или популарно „Старомодни игри“ се начин за одржување на вистинската смисла на детството, преку промовирање на разни вештини и спортски активности на традиционален начин, но со натпреварувачки карактер.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Кениецот Киротич Кируи – по втор пат победник на Скопскиот маратон