Центарот на Кливленд кавалирс, Андерсон Варежао ја скина Ахиловата тетива на натпреварот против Минесота и поради тоа ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Кливленд на мечот против Минесота славеше со 125-104, но останаа без Бразилецот, кој поради повредата на тетивата ќе отсуствува од шест до осум месеци.
Со доаѓањето на Леброн Џејмс и на Кевин Лав во тимот на Кајри Ирвинг, како и Дион Вејтерс и Варежао, Кливленд е еден од главните кандидати за освојување на титулата, но до крајот на сезоната ќе им недостига одличниот скокач Варежао.
Варежао во просек запишуваше по 9,8 поени, 6,5 скока и 1,3 асистенции по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


