| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Русите веќе не ја сметаат Германија за блиска земја и за партнер

Russia_Germany[1]

Според резултатите на анкетата на „Дојче веле“, конфликтот во Украина непосредно влијае врз односите на Русите кон Германија.

Во ноември 2013 година 60% од Русите ја сметале Германија за блиска земја и партнер, а во декември 2014 година вакво мислење дале само 24% од Русите. Притоа, повеќе од половината сметаат дека руско-германските односи се влошени, дури и непријателски.

Дури 59% од Русите сметаат дека односите со ЕУ се влошени.

Најлошо Русите ги оценуваат односите со САД – 74% од анкетираните сметаат дека меѓу Русија и САД постои непријателство.

Од друга страна, најмногу симпатии Русите изразиле кон Белорусија – 83% од анкетираните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top