Земјотрес со интензитет од 3,9 е регистриран денеска во романскиот земјотресен регион Вранчеа.Ова го соопшти Аџерпрес, повикувајќи се на Националниот институт за геофизика.
Потресот се случил утрово во 8.18 часот и бил на длабочина 131 километри. Во сеизмички регион Вранчеа во североисточна Романија, во декември имаше 15 земјотреси со интензитет меѓу 2,5 и 4,5 степени според Рихтеровата скала.Најсилниот земјотрес оваа година во зоната на Вранчеа беше на 22 ноември и имаше магнитуда 5,7 степени според Рихтеровата скала, потсетува Аџерпре.
Второ земјотрес на Балканот регистрира Сеизмолошкиот центар на БАН, овој пат потресот е во соседна Србија и е со иста јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е во реонот на српскиот град Нови Пазар. Потресот е површнски, хоризонтален, велат сеизмолозите. За сега нема дојави за жртви или материјални штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.