| четврток, 6 декември 2018 |

Eмина останува судијка во „Икс-фактор“

Босанската пејачка Емина Јаховиќ ќе биде судија и ментор и во новиот серијал на „Икс-фактор“. Оддлуката Емина да не биде заменета била донесена поради нејзината огромна регионална популарност.

Како што пишува „Скандал“, во прилог на тоа говори и тоа дека нејзиниот последен албум е објавен на сите пазари каде ќе се емитува шоуто.

– Каде има дим, има и оган – одговориле од нејзиниот тим.

Втората сезона на музичкото шоу ќе се емитува на пролет, а пријавувањата за аудиции веќе започнаа. Првично беше објавено дека жирито целосно ќе биде променето, а како потенцијални судии засега се спомнуваат хрватската пејачка Северина и српската пејачка Јелена Карлеуша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top